Почитувани,
Општина Велес ја известува јавноста дека, започнувајќи од понеделник, 24 февруари 2020 година, Друштвото за производство, промет и услуги „Стентон Градба” ДОО с. Долно Оризари – Битола, врз основа на склучен Договор со Јавно претпријатие за државни патишта, ќе започне со изведба на градежни активности на местото наречено „Цуцка”, во близина на манастирите Св. Ана и Св. Димитрија.
За време на градежните работи за санација на свлечиштето (одронот) на регионалниот пат Велес – Градско (транзитен дел низ Велес), сообраќајот ќе биде времено изменет.
Општина Велес апелира до учесниците во сообраќајот, како и до сите жители кои гравитираат кон овој дел од градот, за внимателно управување со моторните возила, движење на пешаците и почитување на поставената вертикална сигнализација (сообраќајни знаци и дополнителни информативни табли).
Со почит, Општина Велес