На денешната прес конференција, градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја информираше јавноста за најновата епидемиолошка состојба поврзана со Ковид-19 во градот и околината, како и за заклучоците од деветнаесеттата седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување.
Во Велес и велешко до денес има вкупно 189 заболени лица, излечени се 136, активни 40 и починати 13 лица, рече Коцевски, надополнувајќи дека од активните лица, 28 се наоѓаат на домашно лекување и 12 на Инфективното одделение во болницата во Велес.
Во последните 24 часа има две оздравени лица. Утринава, згрижени се 16 пациени во Инфективното одделение во Велес, од кои седум се од Велес и седум од село Горно Јаболчиште, Општина Чашка, еден од Градско и еден од Кавадарци.
Од 16 лица кои се сместени, 14 се позитивни, а за 2 се чекаат резултати.
Коцевски информираше дека сите шест служби на Здравствениот дом активно и непречено работат и дека здравстевни работници од Општата болница во Велес се наоѓаат во Скопје и им помагаат на своите колеги од ГОБ „8 Септември”.
Превентивната заштита на дечињата се одбива безбедно, а започната е вакцинацијата на првачињата.
Од рестриктивните мерки помеѓу двете седници на Штабот изречени се вкупно 212 прекршочни патни налози за неносење на заштитни маски.
Хуманитарната помош продолжува да не се дели од страна на ОО Црвен крст – Велес, за да не се сфати како предизборна кампања, но продолжува да се врши дистрибуција на лекови на пациенти од Онколошката клиника од Скопје.
МВР – СВР Велес ги извршуваат редовните работни задачи без потешкотии.
Хотелот „Монтенегро” од минатиот петок повеќе не работи како државен карантин.
„Состојба со Ковид-19 во Велес засега е стабилна, но не треба да се опуштаме и треба да се внимава за да не дојде до влошување на состојбата”, потенцираше Коцевски