На денешната прес конференција , градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски ја извести јавноста дека три ученика од основните и средни училишта во Општина Велес се позитивни на Корона вирус, а осумдесет и четири ученици деца од Детската градинка се во изолација. Во Детската градинка „Димче Мирчев“, регистрирани се три воспитувачки и негувателки позитивни на вирусот. Нема позитивни наставници, но 12 се во изолација. Во изолација се и директорите на ООУ „Блаже Конески“ и ССОУ „Димитрија Чуповски“.
Во Општина Велес, двајца службеници се позитивни на Ковид–19 и неколку во изолација и самоизолација.
Во ЈКП „Дервен“, како позитивни, моментално се водат пет вработени. Четворица се на домашно лекување, еден е сместен на Инфективното одделение во Општата болница, а се во изолација.
Во МВР-СВР Велес дијагностицирани се пет службеници позитивни на Корона вирусот. Тие се лекуваат во домашни услови. Досега СВР Велес издаде 353 прекршочни налози за неносење маска или друга заштитна опрема.