Во текот на оваа седмица ЈКП „Дервен” во координација со Општина Велес спроведе генерално чистење на рекреативниот центар „Езеро Младост” на главниот пристапен пат, улиците до угостителските објекти, Сателитската населба, како и просторот околу академијата „Прокредит”.
Бидејќи во тек се градежните активности за реализација на проектот „Паметно езеро Младост”, општината се заложува да ја унапреди и одржува јавната чистотата на овој простор.
Воедно, беа спроведени активности за генерално чистење на наносите од земја, депониите од отпад и просторите со неорганизирано зеленило на јавните површини, се изврши миење и комплетна дезинфекција на сите пристапни патишта, како и урбаната опрема, при што беа собрани 75м3 отпад.
Во периодот кој следи, ЈКП „Дервен” ќе започне со организирано собирање на комуналниот отпад по принципот од врата на врата два, пати седмично, во Сателитската населба и село Новачани. За жителите од сателитската населба ќе се воведе и примарна селекција на отпадот во домаќинствата.
Општина Велес ја информира јавноста дека надлежните инспекциски служби работат на идентификување на сторителот кој непрописно исфрлил градежен шут во близина на мото-патеката. Доколку не се утврди потеклото на овој отпад, депонијата ќе биде исчистена со средства на општината.
Општина Велес со должно внимание пристапува кон уредување на просторот на рекреативниот центар и поради тоа апелира до сите посетители, од цела држава, да се однесуваат соодветно, со цел да биде зачуван и за идните генерации.
Исто така, Општина Велес потсетува дека на сила се мерките за заштита од корона вирусот и апелира до посетителите за почитување на истите.
Со почит, Општина Велес