Од утре 03.09.2019 година, во населеното место Клуковец за прв пат се воведува услуга организирано собирање на комуналниот отпад од домаќинствата.
ЈКП „Дервен“ два пати неделно – во вторник и петок, во претпладневните часови ќе врши собирање и транспортирање на комуналниот отпад по системот “од врата до врата”.
Завршено е евидентирањето на корисниците и нивно информирање за начинот и времето на изнесување на отпадот пред домовите.
Оваа активност е дел од Програмата за управување со отпадот на територијата на Општина Велес за 2019 година.
Општината се стреми кон постигнување на 100% покриеност на територијата со услугата организирано собирање на отпад, елиминирање на практиките на жителите за диво депонирање и неконтролирано палење на отпадот, намалување на ризиците по човековото здравје и редуцирање на емисиите на стакленички гасови како и доследна примена на принципите “универзалност на услугата” и „подеднаков пристап кон сите жители на територијата на општината“.
Во општината, услуга во континуитет добиваат наслените места: Горно Оризари, Башино село, Отовица, Сујаклари, Чалошево, Мамутчево, Црквино, Караслари, Бузалково, Раштани.
Преостануваат населените места Иванковци, Кумарино и Сливник кои етапно, во иднина ќе се воведуваат во системот за управување со отпад.