Почитувани,

Согласно Законот за заштита на населението од заразни болести, за спроведување на превентивна  дезинсекција на подрачјето на Општина Велес, и Програмата за активностите на Општина Велес во областа на здравствената заштита во 2021 година, како општа мерка за заштита на населението од заразни болести, Општина Велес го издава следното соопштение за јавност:

Општина Велес ја информира јавноста дека, третото авионско третирање против комарци ќе го изврши на ден 7 август (сабота) 2021 година, во периодот од 05:00 до 08:00 часот. Доколку временските услови не дозволуваат авионско прскање истото ќе се изврши наредниот ден, 8 август (недела) 2021 година.

Границата, на третирањето е: Езеро Младост, с. Отовица, месност Јарбош, по течението на Вардар од север од с. Башино село низ Велес, се до вливот на реката Бабуна и с. Горно Караслари. На запад границата започнува од населбата Превалец, преку населбата Керамидна кон фабриката „Киро Ќучук“ и с. Горно Оризари.

Со третирањето ќе биде опфатено целото градско и приградско подрачје, како и целото течение на реката Вардар на овој потег. И оваа година ќе се третира рекреативниот центар Езеро Младост со непосредната околина.

Третманот се врши со средство Ciceron 2.0 ulv, производ од Biogenesis, Belgrad Srbija, кој се разредува со растително масло, се известуваат граѓаните, да ги покријат автомобилите или да ги измијат после спроведувањето на третирањето.

Се известуваат пчеларите во времето на третирање и 3-4 часа потоа да ги затворат кошниците со пчели, заради можноста од влијание на средството со кое се врши третирањето врз безбедноста на пчелните семејства.

Ве молам соопштението да го емитувате во периодот од 4 август (среда) 2021 година,  до 6 август (петок) 2021 година.

 

Со почит

Општина Велес