Во овие денови кога сите се обидуваме да придонесеме за заштита на нашето јавно и индивидуално здравје од COVID 19 вирусот, неопходно е да запомниме дека вработените во секторт за јавна хигиена и управување со отпад се меѓу најранливите групи во случаи на пандемија. Причината е што тие всушност доаѓаат во директен контакт со она што го фрламе како отпад и она што го рециклираме и, со оглед на релативно долгиот период на преживување на вирусот, особено на пластичните и хартиените површини и неговата голема преносливост, ризикот од загрозување на оваа категорија работници станува многу повисок од оној кај просечниот граѓанин.
Вработените во управувањето со отпадот се вториот човечки штит на јавното здравство, по здравствените работници. Поради ова, неопходно е сите да подадеме
рака да се заштитиме, но и да им помогнеме на овие работници. Забележете дека услугите за чистење на општините се под дополнителен притисок затоа што
затворањето на училиштата и користењето на дозволи за неодење на работа дополнително го намалуваат расположливиот персонал. Во пракса, што можеме да сториме?

Прво, неопходно е да се знае дека сите средства за заштита што ги користиме како ракавици, маски, средства за дезинфекција и слично, не се рециклираат и треба да бидат отстранети во контејнерите за мешан комунален отпад.

Второ, за време на пандемија не оставајте ги вреќите со отпадоци отворени, користете
ги специјалните кеси што се затвораат со врвка или едноставно врзете ги и затворете ги херметички, колку што е можно.

Трето, ставете ги кесите со отпад во контејнерот за мешан отпад и затворете го капакот на контејнерот, така што нема да има контакт или можност од било кој да има контакт со кесата или да не може да биде растурен од улични животни. Не оставајте ги кесите со отпад надвор од контејнерите и околу нив. Во случај да контејнерот е веќе полн, побарајте друг контејнер или чувајте ја кесата со отпад дома уште еден ден.

Четврто, избегнувајте работи што произведуваат дополнителни количини отпад, како
што е отпад од поправки и не оставајте на патот масивни предмети како мебел или уреди што лесно на себе задржуваат микроби.

Петто, отпад лесно развива микроби, па граѓаните да ги отвораат и затвораат контејнерите со специјалниот педал, каде што постои или користете раквици каде нема педала. Ако сме во карантин или имаме сомнителен случај во нашиот дом:

Доклку сте во оваа категорија на граѓани и имате навика да го селектирате отпадот, додека сте во карантин не го рециклирајте отпадот (пластика, хартија, метал) за да ги заштитиме работниците кои го собираат, а и оние во центрите за сортирање, кои честопати ги одделуваат материјалите за рециклирање со рака.
Наполнете ги кесите за отпад до 2/3, врзете ги цврсто и ставете ги во втора кеса која исто така ќе ја затвориме цврсто. Бидете внимателни и двете кеси да бидат цврсти, а во случај на сомнеж користете и трета кеса.
Коритете ракавици за да ги затворите и врзете кесите и за да ги отстраните во контејнер, а овие ракавици, штом ќе се вратите дома, фрлете ги во следните кеси што ќе ги користите.
Ако сме здрави и немаме сомнителен случај:
Продолжуваме со рециклирање како порано, но внимаваме да не ги сместиме средствата за заштита што ги користиме, како што се ракавици, марамчиња за дезинфекција, маски, средства за дезинфекција, итн., бидејќи тие не се рециклираат и треба да бидат ставени во кеси за обичен отпад.
Не ги полнете кесите повеќе од 2/3 од волуменот и врзете ги цврсто.
Во прилог на безбедноста на сите нас е да користите ракавици за да ги затворите и врзете кесите и да ги пренесете до контејнерот за отпадоци.
Отпадот од лична заштитна опрема
Отпадот од ЛЗО (како ракавици, маски, скафандери), потоа средствата за дезинфекција и сл. не се рециклираат и треба да бидат отстранети во контејнерите за мешан комунален отпад.
Овој отпад се става во вреќи што се затвораат со врвка или едноставно се врзуваат и се затворат херметички, колку што е можно. Овие вреќи се ставаат во втора вреќа, која исто така се затвора цврсто. Треба да се внимава и двете вреќи да бидат цврсти, а во случај на сомнеж се користи и трета вреќа. Овој отпад, вака спакуван се отстранува како комунален отпад.


Упатство до граѓаните