Според податоците од првиот квартален извештај за 2021 година Општина Велес реализираше приходи во износ од 193.160.003 денари што во споредба со реализираните приходи од 2017 година кои изнесуваа 150.584.766 денари се за 42,6 милиони денари повеќе. Зголемување има и во реализираните расходи кои во првиот квартал од 2021 година изнесуваат 174.894.945 денари и се за 34.5 милиони денари повеќе во однос на истиот период во 2017 година, истакна на денешната прес конференција Градоначалникот Коцевски.
„Во 2021 година во првиот квартал сме потрошиле нула денари за репрезентација, тоа е резултат на ситуацијата предизвикана од Ковид-19 но и генерално заради мојот пристап кон тие работи дека парите не треба да се трошат на софри, ручеци и ресторани. За споредба, во 2017 година се потрошени 120.269 денари“, рече Коцевски.
За патни расходи во првиот квартал од 2021 година потрошени се 3.935 денари додека за истиот период во 2017 година се потрошени 114.893 денари. За капитални расходи потрошени се 22.736 252 денари што е за 17.57.134 денари повеќе од истиот период во 2017 година.
За капиталните расходи кои што се важни за граѓаните затоа што тоа се средства што одат за подобрување на квалитетот на живот на граѓаните потрошени се 25.147.006 денари во првиот квартал во 2021 година, додека во истиот период во 2017 година потошени се само 5.995.875 денари. Сакам да ве уверам дека Општина Велес ќе продолжи наменски и домаќински да ги троши парите на граѓаните. Не случајно Општина Велес со години наназад е на врвот по општа и финансиска транспарентност во државата“, додаде Коцевски.