Поради неисправноста на водата за пиење од природната чешма во село Сопот, а со цел задоволување на потребите за вода на жителите од село Сопот, Општина Велес обезбеди достава на вода со канистер за техничка употреба и флаширана вода за пиење.
Ова е заклучокот од Седницата на Општинскиот штаб за заштита и спасување на Општина Велес која се одржа на 23 март 2020 година.
По направената анализа на водата од страна на ЈЗУ Центар за јавно здравје – Велес, стручниот тим од Центарот предупредува дека водата од природната чешма не смее да се користи за било каква намена поради енормно присуство на индикатори за фекално загадување.