Општинската организација на Црвен крст Велес во соработка со Здружението на граѓани „Велес бајкинг“, организира хуманитарна крводарителска акција. Акцијата ќе се одржи во сабота (21 ноември), во Ликовниот салон од 09.00 до 13.00 часот.
Крводарителска акција се одржa и денеска во кругот на Касарната „Алексо Демниевски – Бауман“ во организација на Општинската организација на Црвен крст.
На крводарителската акција што се одржа во неделата, на 11 ноември, по повод Денот и ослободувањето на Градот, беа собрани 103 крвни единици. Течноста што живот значи ја дарувале 79 мажи и 24 жени, редовни крводарители од градот. Меѓу нив имало и двајца граѓани кои за прв пат дарувале крв.
Од Општинската организација на Црвен крст се презадоволни од собраните крвни единици, бидејќи како што велат во услови на корона криза, кога половина град е во изолација, одзивот е голем и покрај стравот на граѓаните од коронавирусот.
Крводарителската акција беше организирана во рамки на активностите за одбележување на 9 Ноември, Денот на ослободеувањето на Велес од страна на Општинската организација на Црвен крст, Општина Велес и Мото клубот „Носачи на крст“.