Почитувани просветни работници,

Во име на Советот на Општина Велес, во име на жителите на Општина Велес и во свое лично име, ви го честитам 5 Октомври, Меѓународниот ден на учителот.

Светскиот ден на учителите претставува значаен симбол на свеста, разбирањето и вреднувањето на виталниот придонес што учителите го даваат за едукацијата и развојот на децата, учениците, студентите.

Вашата ценета професија е благородна и го издигнува човекот на еден висок, хуман пиедестал, како личност со високи морални и интелектуални квалитети.

И во овие нови, поинакви услови на одвивање на образовниот процес, ви благодарам што останувате посветени во градењето на новите генерации на Велес, авангардниот град од минатото, но и на денешнината.

Ви посакувам успешно справување со предизвиците во процесот на воспитно-образовната  работа и истрајување на патот во создавање на генерации кои ќе се залагаат за подобро утре на сите.

Истовремено, на сите ученици им ја честитам Неделата на детето и им посакувам среќа и успех во школувањето.

 

Со почит,

Аце Коцевски
Градоначалник
на Општина Велес