Почитувани,

Во име на Советот на Општина Велес, на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, до сите припаднички и припадници на Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија упатувам најискрени честитки по повод 7 мај, Денот на македонската полиција.

Овој датум се одбележува како ден на полицијата и безбедноста, а е вткаен во  историјата на македонскиот народ, поврзан со Смилевскиот конгрес, кога во 1903 година биле формирани првите безбедносни структури. Токму затоа овој ден е прифатен како ден на празнување на македонската полиција.

Да се биде припадник на единиците на Министерството за внатрешни работи е посебна чест и одговорност, бидејќи вие сте вистински пример за она што значи професионалност, посветеност и пожртвуваност, грижа за секојдневната заштита на македонските граѓани, нивната лична безбедност и сопственост – бескомпромисни чувари на јавната безбедност.

Заради тоа изразувам благодарност и почит кон вашата работа што ја минифестирате секојдневно во зачувувањето на редот и мирот, како и за спроведувањето на законите на локално и национално ниво, посебно за вашата вклученост во овој кризен период справувајќи се со пандемијата на вирусот Ковид-19, истовремено покажувајќи човечност и хуманост, поради што ве поттикнувам да продолжите и понатаму да бидете пример за идните генерации.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,

Аце Коцевски