Почитувани сограѓанки и сограѓани, припадници на турската заедница во Општина Велес,
Во свое лично име и во име на Советот на Општина Велес, Ви го честитам 21 декември, Денот на наставата на турски јазик.
Образованието на мајчин јазик и неговата употреба се најзначајните човекови права кои како столбови на идентитет на еден народ, тој се негува и промовира.
Велес како град на соживот и заедништво, има долгогодишна традиција на негување на различните култури, традиции и религии. Препознавњето и признавањето на уникатноста во различното, го прави Велес мултикултурно општество со предзнак на еднаквост.
Негувањето и унапредувањето на пријателските односи со неколку градови од Република Турција е доказ за постоењето на цврсти односи помеѓу заедниците во Општина Велес и поради тоа во иднина посакувам да продолжиме заеднички да ги негуваме културните особености и да работиме на промоција на секое поле од општествениот развој на нашиот Велес.
Со почит,
Аце Коцевски,
Градоначалник на Општина Велес