Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 8 Септември, Денот на независноста.

Овој историски ден е симбол на одлучноста и непоколебливоста на македонскиот народ да го оствари својот вековен стремеж, да изгради своја независна и суверена држава.

Посакувам овој ден секогаш да нè охрабрува и бодри да се стремиме кон повисоки цели за попросперитетен Велес, а како држава, сплотени заедно, посветено да чекориме по патот на успехот, да продолжиме да ја јакнеме демократијата и да создаваме услови за стабилен економски развој и квалитетен животен стандард за доброто на сите.

 

Со почит,

Аце Коцевски
Градоначалник
на Општина Велес