Почитувани сограѓанки и сограѓани,

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.

На овој ден кога е формирана македонската револуционерна организација и започната организираната борба на македонскиот народ и на припадниците на другите народи за слобода и создавање на своја држава, изразуваме благодарност и оддаваме почит на сите кои се втемелени во создавањето на слободна и независна македонска држава.

Следејќи го овој пример, во духот на заедништвото, сплотени, посакувам и охрабрувам заеднички да продолжиме по патот на развојот и напредокот, градејќи модерно и просперитетно општество, еднакво за сите, почитувајќи ги европските цивилизациски вредности.

Со почит,

Аце Коцевски

Градоначалник на Општина Велес