Почитувани сограѓанки и сограѓани од католичка вероисповед,
Во свое лично име, во име на Советот на Општина Велес и во име на сите жители на Општина Велес, Ви го честитам Божиќ – денот на Христовото раѓање.
Посакувам празничните денови да ги минете во духот на христијанските пораки за мир и разбирање меѓу луѓето. Во сечиј дом да донесат светлина и надеж за подобро утре. Да ја споделуваме божиќната радост со најблиските и секој ден да правиме добри дела за благодет на сите нас.
Со почит,
Аце Коцевски,
Градоначалник на Општина Велес