Почитувани театарски работници и љубители на театарската уметност,
Во име на Советот на Општина Велес, во име на граѓанките и граѓаните на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 27 март, Светскиот ден на театарот.
Велес и велешани отсекогаш имале напредна мисла и авангарден дух кои негуваат култ кон театарот и се големи почитувачи на театарската уметност. Сите Вие вработени во НУЦК „Јордан Хаџи Константинов – Џинот” во Велес со својата посветеност, креативност и професионализам придонесувате за заштитата на националните и универзални вредности и културните богатства и за нивно пренесување на идните поколенија.
Со овие мисли, посакувам уште поголеми успеси на велешкиот театар, кој успешно го продолжува својот придонес на естетскиот и уметничкиот развој на нашиот град кој пак располага со коренита традиција.
Општина Велес продолжува со поддршката и соработката, како со театарот, така и со сите уметнички гранки кои обезбедуваат крајно позитивен придонес во културниот развој и образованието на нашиот народ.
Со почит,
Градоначалник на
Општина Велес
Аце Коцевски