Почитувани,
Ценејќи ја значајната улога на здравствените работници во изградбата на здравствениот систем, како и професионалноста, посветеноста и грижата за здравјето на граѓаните, во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име Ви го честитам 7 април, меѓународниот Ден на здравјето.
Светската здравствена организација повикува на преземање конкретни чекори за воспоставување и овозможување пристап до квалитетни здравствени услуги без соочување со финансиски потешкотии за секој поединец во општеството.
Имајќи ја во предвид тековната состојба предизвикана од пандемијата Covid19 (коронавирус), во името на сите велешанки и велешани изразувам најдлабока почит и голема благодарност до здравствените работници и помошниот персонал, кои со несебично себевложување го носат главниот товар во борбата со пандемијата и на сите жители на Општина Велес им посакувам добро здравје, со искрена желба дека брзо ќе се вратиме во рамките на секојдневниот живот.
Со почит,
Градоначалник на Општина Велес
Аце Коцевски