Почитувани,

На овој ден, 8 април, кога се одбележува културната специфичност и традиции на ромската заедница, која е една од најстарите на нашата територија, во името на Советот на Општина Велес и во свое лично име, упатувам искрени честитки по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на Ромите.

Ромската етничка заедница со нејзините културни специфичности, цврстата определеност за соживот и меѓусебното почитување е важен дел од хуманиот развој  на нашето општество и демократијата.

Општина Велес во континуитет спроведува одржливи активни мерки со цел подобрување на животниот стандард на сограѓаните Роми, а и понатаму ќе се заложува за зајакнување на социјалната и економска вклученост на Ромите во вкупните општествени текови, за унапредување на принципите на еднаквост, солидарност, недискриминација и заштита на човековите права на Ромите, стандарди кои Општина Велес ги почитува и применува.

Со почит,

Градоначалник на Општина Велес,
Аце Коцевски