Почитувани сограѓанки и сограѓани од исламската вероисповед,
Со искрена благодарност за Вашиот голем придонес во негувањето на соживотот со граѓаните од сите заедници и Вашата несебична поддршка во развојот на Велес,
во свое лично име, во име на Советот на општината и во име на граѓаните, Ви го честитам големиот празник Курбан бајрам.
Со желба за многу успех во животот, Ви посакувам добро здравје, среќа и благосостојба.
Со почит,
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски