Во име на Советот на Општина Велес и во мое лично име, на сите припадници на православната вероисповед, им го честитам големиот христијански празник 8 декември,Свети Климент Охридски.

Еден од првите средновековни словенски светци, научник, пистел и просветител на Словените, Свети Климент Охридски бил еден од најистакнатите ученици на Кирил и Методиј и посветено ја продолжува нивната мисија. Тој е основоположник на македонската црковна и народна духовност, патронот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија.

Ве поттикнувам и охрабрувам, во духот на нашите просветители, да чекориме по патот на праведните и достојните и да ги негуваме универзалните вредности на почит, разбирање и помагање.

Ви посакувам убав празничен ден во кругот на семејството.

 

Со почит,

Аце Коцевски

Градоначалник на Општина  Велес