Почитувани сограѓанки,

 

Во име на Советот на Општина Велес и во свое лично име, Ви го честитам 8 Март, Меѓународниот ден на жената.

Жената е столбот на семејството и општеството. Жената е мајка, сопруга, доктор, земјоделец, научник. Жената е борец за права и правда, родова еднаквост, мир и соживот во светот. Нејзината упорност со години наназад да стекне еднакви права и обврски со мажите е достојна за восхит и почит. Таа денес е вклучена во процесот на донесување на одлуки во економскиот, политичкиот и социјалниот живот не само на локално туку и на државно ниво. Нејзината застапеност особено во политиката е од клучно значење за развој на иднината на една држава.

Токму затоа Ве поттикнувам и охрабрувам да останете доследни во својата упорност за рамноправно и балансирано учество во јавниот, општествениот и економскиот живот. Да покажете храброст во надминување на сите препреки кои што ќе ви се најдат на патот и да чекорите напред кон светла иднина.

Ви посакувам добро здравје, лична среќа и успех во приватниот и професионалниот живот.

 

Со почит,

Аце Коцевски

Градоначалник на Општина Велес