Општина Велес ги повикува занаетчиите од Велес регистрирани согласно Законот за занаетчиство (Службен весник на РМ, бр. 215 од 07.12.2015 година), да се вклучат во проектната апликација „Креативни можности во туризмот- CounT“ во рамките на ИНТЕРРЕГ – ИПА прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, финансирана од ЕУ.
Проектот предвидува создавање на соодветен простор (типизирани занаетчиски објекти) за работа и промоција на занаетчиските и прехрамбените производи во централното градско подрачје, покрај реката Вардар како и воспоставување соработка со занаетчиите од Лерин, Република Грција.
Особено е значајно учеството на занаетчиите кои вршат дејност на домашно и уметничко занаетчиство (дејност за која е карактеристичен едноставен начин на работа со главно рачна работа, уметничко и дизајнерско создавање) меѓу кои традиционалните занаети како грнчарството, изработката на сувенири, изработката на автентични предмети од дрво и други природни материјали како и традиционалните прехрамбени производи автентични за Велес.
Право на учество имаат сите заинтересирани занаетчии.
Регистрираните занаетчии можат да се вклучат во проектот со полнување на следниот прашалник:
Пополнетиот прашалник заедно со контакт информациите на занаетчиите треба да се достават на следната адреса на е-пошта:
jadranka.stefkova@veles.gov.mk
Подетални информации на телефон: 070 302 219
Рокот за доставување на пополнетиот прашалник е 13.03.2020 година (петок), до 15:30 часот.
Со почит;
Градоначалник
на Општина Велес
Аце Коцевски