Јавната анкета и јавната презентација на АРХИТЕКТОНСКО УРБАНИСТИЧКИ ПРОЕКТ за формирање на градежна парцела на КП бр. 827/1, КП бр. 827/2 и дел од КП бр. 893, КО Отовица, Општина Велес, ќе се спроведе со објавување соопштение во информацискиот систем е-урбанизам како и во две јавни гласила и со излагање на АУП во Граѓанскиот сервис центар на Општина Велес.

Јавната анкета ќе трае 5 (пет) работни дена од 11.06.2021 год до 17.06.2021 год., од 7.30 до 15.30 часот секој работен ден.

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните листови.

Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 15.06.2021 година во 10:00 часот преку конференциска врска со употреба на софтверска алатка Cisco WebEx Meetings.

Meeting link: https://opstinaveles.webex.com/opstinaveles/j.php?MTID=m04562c82c0ed3c226001a383efc91f09
Meeting number: 137 942 0044
Password: waXnmRSA637