Велешката компанија за производство на заштитна и работна облека, „ЈУ-КА” ДООЕЛ – Велес, денес донираше илјада заштитни маски на Општина Велес, кои во текот на денот беа дистрибуирани до здравствените институции во градот.
Општина Велес упатува апел до сите општествено одговорни компании да ги следат овие позитивни примери и да се приклучат кон акцијата за донација на заштитна медицинска опрема, храна, средства за дезинфекција и хигиенски средства за лична употреба, во доменот на своите можности.
Јавното здравје е заедничка одговорност.