Бендот „Зима Блу“ настапи на „Велешко лето 2021„. Концертот се одржа во саботата на 24 јули на отворено во амфитеатарот на Младински парк.

Концерт на класична музика на дуо пијано ќе одржат Светлана Ташева и Илија Настовски на 30 јули, во петок, во салата „Бели мугри“ со почеток во 19 часот. Во сабота на 31 јули ќе настапи најпознатата група од Битола „Фолтин“.