УП бр.1310-75
Бр на постапка: 47401
од 22.12.2022 година
Велес

Врз основа на член 62 став 10 од Законот за урбанистичко планирање (Сл.Весник на РСМ бр. 32/20), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа (“Сл.весник на РМ”
бр.5/02), член 51 од Статутот на Општина Велес, (Сл. Гласник 12/06, 03/09, 18/10 и 15/14), Градоначалникот на Општина Велес го дава следното:

С О О П Ш Т Е Н И Е
За организирање на јавен увид по

Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат на дел од КП 851/2, КП 851/3, дел од КП 853/1, дел од КП 853/4, дел од КП 854, дел од КП 843/2 и дел од КП 960, КО Сојаклари, Општина Велес.

Граници на опфатот за КП 851/2, КП 851/3, КП 853/1, КП 853/4, КП 854, КП 843/2, КП 960, КО Сојаклари се:
– На исток опфатот се граничи со КП 851/3 и КП 851/2;
– На север опфатот се граничи со КП 851/3;
– На запад опфатот се граничи со КП 834 и КП 851/3;
– На југ опфатот се граничи со КП 851/2, КП 853/1, КП 853/4 И КП 854.
Вкупната површина на планскиот опфат изнесува 40737.05м2 или 4,07 ха.
Јавниот увид за Урбанистички проект вон опфат на урбанистички план за намена Е1.13 – Површински соларни и фотоволтаични електрани (фото-напонски панели за производство на електрична енергија кои се градат на земјиште) и пристапен пат на дел од КП 851/2, КП 851/3, дел од КП 853/1, дел од КП 853/4, дел од КП 854, дел од КП 843/2 и дел од КП 960, КО Сојаклари, Општина Велес.

Јавниот увид ќе трае 15 работни дена, од 23.12.2022 до 12.01.2023 година, на службената веб страна на Општина Велес (www.veles.gov.mk).

Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица можат да доставуваат писмени забелешки, предлози и мислења.

ГРАДОНАЧАЛНИК
на Општина Велес
Марко Колев

Соопштение

Графички приказ