По повод 16-годишнината од трагичниот настан што се случи на 26 февруари 2004 година, кога во авионска несреќа кај Ротимље во близина на Мостар, Босна и Херцеговина загинаа претседателот Борис Трајковски и осум членови на екипажот, меѓу кои и велешанката Анита Кришан Лозаноска, денес делегации на Општина Велес и од кабинетот на претседателот Пендаровски, положија цвеќе на гробот на Лозаноска, на гробиштата во црквата „Свети Спас”.
Анита Кришан Лозаноска беше дел од тимот на претседателот што патуваше на меѓународна економска конференција во Босна и Херцеговина. Таа работеше како советник во кабинетот на претседателот.