СТАРТУВА ТЕАТАРСКИОТ ФЕСТИВАЛ „5РЕ“

На светскиот ден на театарот, 27 март, во Велес започнува четвртото издание на театарскиот фестивал 5ре, посветен на доајенот на македонското глумиште Петре Прличко. Фестивалот ќе стартува со претставата „Госпоѓа Министерка“ во продукција на театар „Ј.Х.К. Џинот“ а во режија на Синиша Ефтимов, со која актерката Зорица Панчиќ одбележа 30 години кариера во велешки театар.…