ПАРКИНГОТ КАЈ НОВОИЗГРАДЕНИОТ КЕЈ НА ВАРДАР Е ГОТОВ

Завршија градежните работи на паркинг просторот на новоизградениот кеј на реката Вардар. Паркингот го доби својот лик. Тој е одбележан и хортикултурно уреден а во наредните денови ќе бида ставен и во функција. Со ова решение ќе се намали сообраќајниот хаос во центарот на градот додека не се изгради подземната катна гаража.