ПЛОШТАД КОЈНИК ГО ДОБИ СВОЈОТ НОВ ЛИК

Заврши реконструкцијата на плоштадот на Којник. Жителите на едно од најстарите велешки маала, но и останатите граѓани, добија пријатно катче за одмор и релаксација. Во периодот што следува ќе се изврши преуредување на бехатон плочките на улицата околу плоштадот, а веднаш потоа ќе започне и целосната реконструкција на улицата „Васил Ѓоргов“.