Општина Велес го одбележа 23 Октомври, Денот на македонската револуционерна борба.
По тој повод делегации на Општина Велес, Советот на Општина Велес, јавни институции, здруженија на граѓани и политички партии денеска положија свежо цвеќе и се поклонија пред споменикот на велешките Илинденци во центарот на Велес.
23 Октомври е историски ден силно врежан во колективната меморија на македонскиот народ, денот кога во далечната 1893 година е формирана Внатрешно македонската револуционерна организација, која се бореше за слободна Македонија.