„Градење на инклузивни општества за унапредување на социјалниот напредок“ е мотото под кое годинава се одбележува Меѓународниот ден на лицата со попреченост, 3 Декември.  Ден што потсетува дека  овие граѓани сé уште се соочуваат со бариери во нивниот секојдневен живот, сé уште наидуваат на пречки на патот кон остварување на своите соништа. Крајно неопходна е заедничка одговорност, институции, организации, заедници и граѓани, да креираат услови што ќе обезбедат достоинствен живот и остварување на човековите права на сите лица со попреченост.