Со положување на цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата, во пресрет на 8 Септември, денеска се одбележа независноста на Македонија. Делегации на Општина Велес, Армијата на Република Македонија, на јавни институции, политички партии и Здруженија на граѓани, им оддадоа почит на борците кои со својот живот се запишале во создавањето на овој значаен историски ден.
Во чест на овој светол историски ден, присутните имаа можност да слушнат две велешки народни песни „Се посврши Сербез Донка“ и „Што ми е мило…“, во изведба на сопран Магдалена Тодоровска и пијано придружба на Јованче Банев.
Триесет и три годишнината од слободна, независна и самостојна Македонија денеска беше одбележана и со настапот на Оркестарот на традиционални инструменти при Општинското основно музичко училиште „Стефан Гајдов“.