Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата на Бане Андреев Ронката во неговата родна куќа, Општина Велес ја одбележа годишнината од смртта на Бане Андреев Ронката, македонски комунистички деец, учесник во НОБ, државник и политичар. Свежо цвеќе положија претставници на Општина Велес и Локалната библиотека „Гоце Делчев“.
Бане Андреев Ронката е роден на 12 август 1905 година во Велес. Основно училиште и гамназија завршил во родното место. Во 1922 година станал член на СКОЈ, а во 1923 година и на КПЈ. Пред Втората светска војна како комунист издржувал казна во затворите во Сремска Митровица и Лепоглава. Одликуван е со „Партизанска споменица 1941“.
Кочо Рацин му ја посветува песната „Татунчо“ од стихозбирката „Бели мугри“.