Организацискиот одбор на 54. Детски Рацинови средби  распишува литературeн и ликовен конкурс на тема: „Детските сништа во мугрите”.

Право на учество имаат ученици од VI до IX одделение од oсновните училишта и ученици од I до IV година од средните училишта.

Творбите се класифицирани во три категории:

– категорија VI и VII одделение;

– категорија VIII и IX одделение;

– категорија I – IV година.

Поетските творби за литературниот конкурс да се во должина најмногу до 25 стиха. Секој ментор има право да учествува со творба од еден ученик. Најзначајно е детските песни да се оригинални. Творбите да се испраќаат на е-маил адресата: solevkosta@yahoo.com, најдоцна до 22.10.2021 година.

Е-маилот да ги содржи следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-маил на менторот, со назнака „За Детски Рацинови средби“.

Откако жири-комисијата ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.

На ликовниот конкурс секој ментор има право да учествува со цртеж од еден ученик. Најзначајно е детските цртежи да се оригинални. Учесниците на ликовниот конкурс, цртежите треба да ги достават по поштенски пат, најдоцна до 22.10.2021 година,  на  ул. „Алексо Демниевски“ бр. 11, 1400 Велес, со назнака „За Детски Рацинови средби“. Потребно е да се достават и следните податоци: име и презиме на ученикот, училиште, место, ментор, телефонски број и е-маил на менторот.

Откако жири-комисијата  ќе направи избор, наградените ќе бидат известени за начинот на одржување на манифестацијата.

За дополнителни информации или одговор на прашања, заинтересираните можат да испратат е-маил на: solevkosta@yahoo.com.

За резултатите од литературниот и ликовниот конкурс за 54. Детски Рацинови средби, организаторот ќе извести најдоцна до 01.11.2021 година.