Во рамки на одбележувањето на 58. Детски Рацинови средби денеска децата од ОЈУДГ „Димче Мирчев“ со дефиле низ градот насловено како „Цветен пат за Рацин“ оддадоа почит на бесмртниот поет и револуционер. Тие чекореа од споменикот кај Гимназијата, во Спомен костурницата и на крај завршија во неговата родна куќа.
Денешната програма беше збогатена со музичко-сценски перформанс од децата од градинките и МДПС „Премиера“.
Денес и утре градот ќе пулсира со стиховите на Рацин доближувајќи го неговото творештво до младите на Велес.

















