Годинава се навршуваат 79 години од славниот Февруарски поход од Народноослободителната и антифашистичка војна во Македонија. 21 февруари, светол датум од историјата кој не згаснува и трајно го чува споменот за човечкиот непокор.
На овој ден се потсетуваме на херојските подвизи на борците, нивната издржливост и нивната верба за посветла иднина.
Февруарскиот поход игра важна улога во подигнувањето на борбената свест и ги забрзува борбените операции за конечно издвојување на посакуваната победа на македонскиот народ против германскиот и бугарскиот фашистички окупатор.