Општина Велес упатува честитки до припадниците на ромската заедница по повод Меѓународниот ден на Ромите, 8 Април. Ромите со својата посебност, култура и обичаи се важен и нераскинлив сегмент на македонското општество, но истовремено и заедница со проблеми и предизвици во секој аспект од општественото живеење. Унапредувањето на правата на Ромите е предизвики на Општина Велес која со години спроведува одржливи активни мерки за подобрување на нивниот животен стандард.
Општина Велес ќе продолжи и во иднина да делува во насока на подобрување на условите за живот на Ромите во заедницата.
Нека е честит 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите!


