8 Декември – денот кога се одбележува делото на првиот словенски писател и просветител, творецот на Охридската школа, Свети Климент Охридски. Тој е најревносниот и најистакнат ученик на Светите браќа Кирил и Методиј, учествува во нивната мисија посветена на ширење на словенската богослужба и словенското православие.
Свети Климент се смета за закрилник и патрон на македонскиот јазик. Основоположник е на македонската црковна и народна духовност, патрон на Македонската православна црква. Покрај црковните и педагошките дејности, особено просветителската, Климент развил и богата книжевна дејност.
Општина Велес им го честита празникот на граѓаните и порачува во духот на нашите просветители да создаваме добри дела и меѓусебно да се почитуваме.
Честит празник Свети Климент Охридски!