Денеска се навршуваат 80 години од загинувањето на борците од Осмата МНОУБ кај месноста Раштански колиби. Борбите се воделе помеѓу борците од Четвртиот батаљон на 8 велешка бригада со германските војници, за зачувување на позициите на слободната територија во месноста, недалеку од Велес. Во жестоката битка што траела еден час, се користеле сите расположливи воени орудија. Загинале 15 млади борци.
Општина Велес го чува и одбележува споменот на овие млади борци кои го положиле својот живот за слободна Македонија.