Денеска се одбележуваат 80 години од формирањето на Осмата македонска народноослободителна ударна бригада. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци во Спомен костурницата.
Осмата македонска ударна бригада, позната и како Велешка ударна бригада била формирана на 2 септември 1944 година во велешкото село Отиштино. При формирањето бригадата броела околу 500 борци и старешини.