Делегација на Општина Велес и претставник на Општинската Организација на Сојуз на борци на Македонија – Велес денеска го посетија местото на масакрот на седумте припадници на Народното ослободително движење на Пуста Кула. Пред споменикот на кој се испишани имињата на жртвите на фашистичкиот окупатор, оддадоа почит и положија цвеќе.
На 14 септември 1942 година во близина на селото Рудник кај месноста Пуста Кула, од страна на фашистичкиот окупатор без пресуда беа стрелани и масакрирани седум припадници на Народно ослободителното движење. Од Скопскиот истражен затвор со камион биле донесени и убиени Панче Бурчевски, Перо Грковски, Андреја Басаровски, Атанас Димовски и Душан Димитриевски од село Рудник, Камка Тоцинова од Велес и Амед Лојков од село Иванковци.