Никола Стојановски, Благој Кирков, Благој Јанушев, Орце Иванов и Анче Андреев се само дел од имињата чие ехо го слушаме и денес. На денешен ден, 14 март 1942 година, младите велешки гимназијалци го подигнале гласот против бугарската асимилаторска политика врз македонскиот народ, бојкотирајќи ја наставата на бугарски јазик.
Многу пати велиме дека историјата се повторува. Затоа денес, 81 години подоцна, наша е одговорноста да продолжиме понатаму, да стоиме цврсто за зачувување на македонскиот јазик и самобитност.