На 14 јануари се навршуваат 81 година од смртта на народниот херој Благој Страчковски. По тој повод, делегација на Општина Велес положи свежо цвеќе пред спомен бистата на Страчковски во Младински парк.
Благој Страчковски е роден на 29 февруари 1920 година во Велес, во сиромашна работничка фамилија. По завршувањето на основното училиште веднаш почнал да работи а за кусо време стапил во револуционерното движење. Како член на синдикатот учествувал во штрајкови и демнонстрации против властите.
Благој Страчковски е истакнат борец за слобода со бројни херојски подвизи. Животот му завршува на 23 годишна возраст кога е убиен на свиреп начин од страна на окупаторот.