Денеска се навршуваат 82 години од загинувањето на велешките семејства Митреви Капчеви.

На 10 октомври во 1942 година Велес го потресе силна експлозија. Пеколната машина експлодирала во куќата на Митреви. При експлозијата животите ги загубиле  Димко, Тоде, Љуба и Васа Митреви  како и  Трајко, Илија и Ката Капчеви.

Од голема историска важност е борбената и револуционерна активност на Димко Митрев и Илија Капчев, нивниот придонес во борбата за слобода на Македонија. Димко Митрев и Илија Капчев, од партиската организација добиваат задача да извршат диверзантска акција со минирање на железничката линија Атина – Берлин бидејќи имале најголемо искуство за ракување и поставување на експлозивни направи.