Годинава се одбележа 85 годишнината од објавувањето на стихозбирката „Бели мугри“ на безвремениот Коста Солев Рацин. Меѓу Македонците кои ја продолжија традицијата на чествување на ликот и делото на Рацин, со културната манифестација „Рацинов ден – Бели мугри“, во Самобор Хрватска, беше и делегација на Општина Велес составена од тројца советници и заменик градоначалникот Коста Нојков.  Тие положија свежо цвеќе на бистата на Рацин во паркот на Самоборскиот музеј, а учествуваа и на манифестацијата на која еминентни професори одржаа предавања за животот и делото на поетот. Стихови од стихозбирката рецитираа учениците кои учат македонски јазик во Хрватска.

Настанот е организиран од Заедницата на Македонците во Хрватска и МКД „Охридски бисер“ од Загреб.

Делегацијата на Општина Велес ја посети и печатницата во која, пред 85 години, нелегално беше отпечатена  збирка поезија „Бели мугри“, најзначајното литературно дело на современата македонска поезија.