Со положување на свежо цвеќе пред спомен бистата на паднатите борци за слобода во Спомен Костурницата, Општина Велес го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот. Делегација на Општина Велес предводена од градоначалникот Марко Колев им оддаде почит на жртвите на фашизмот чии мошти почиваат во костурницата.
9 Мај 1945 година е денот кога народот победи, а фашизмот остана да сведочи за жестокоста на поробителот наспроти непокорливоста на желбата за слобода. На овој ден во 1945 година со потпишувањето на безусловна капитулација на нацистичка Германија официјално беше ставен крај на Втората светска војна која однесе 50 милиони животи.
Нека е вечен споменот на борците за слободна Македонија!