Врз основа на член 127 од Деловникот на Советот на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.12/07, 3/09, 18/10), Одлуката за востановување Деветтоноемвриски награди и признанија на Општина Велес („Сл. гласник на Општина Велес“ бр. 7/97; 7/01) и Одлуката за востановување награда за животно дело – „Гемиџии“ („Сл. гласник на Општина Велес“ бр.4/03), Комисијата за општествени дејности покренува иницијатива за прибирање предлози за доделување на Деветтоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ за 2021 година.

  1. Признанијата 9 Ноември се доделуваат на поединци, органи, организации, граѓански организации и заедници чие дело и постигнати резултати се од значење за Општина Велес и нејзината афирмација во земјата и светот.

Неопходно е кандидатите за Деветтоноемвриски признанија делото за кое се предложени да го афирмирале во јавноста. Предложениот кандидат да е жител на Општина Велес или тематски неговото дело да е поврзано за Општина Велес.

  1. Наградата за животно дело „Гемиџии“ се доделува на поединци за постигнати резултати во развојот и афирмацијата на Велес во државата и надвор од неа.
  2. Предлози за доделување на Деветтоноемвриски признанија и награда за животно дело „Гемиџии“ можат да поднесуваат Градоначалникот,  Комисијата за општествени дејности, член на Советот на Општина Велес, органи, организации, политички партии, здруженија на граѓани и поединци.

Предлозите мора да бидат образложени.

  1. Предлозите се доставуваат до Совет на Општина Велес, со назнака за Комисија за општествени дејности на ул. „Панко Брашнар“ бр.1, 1400 Велес или лично најдоцна до 29 октомври 2021 година.

 

Претседател на Комисијата за општествени дејности,

Максут Бакиовски с.р.

Објава