Денеска се навршуваат 96 години од смртта на велешкиот револуционер и поборник за работнички права Васил Главинов.

Васил Главинов е роден во 1869 година во Велес. Тој е еден од првите македонски социјалисти и организатор на работничкото движење во Македонија и поборник за Балканска федерација. Основач е на првото просветно работничко друштво во Македонија и целата своја дејност ја посветува на работничките права и идеите за социјална и национална слобода.